Состојки:
100 г брашно (ние ставивме брашно од спелта, а може да ставите и брашно од хељда или обично бело, по ваш избор)
150 г ситни овесни снегулки
150 г путер
50 г кафеав шеќер
1-2 лажици мед
300-400 г овошје (ние ставивме шумско овошје)
1/2 лажичка сода бикарбона
по желба: оревчиња и чоколадо за топење (она со 60% какао)
Приготвување:
Прво се става овошјето во тавата за печење и одозгора се расфрлаат парченца путер.
Се мешаат брашното, снегулките, шеќерот, путерот, содата и медот. Треба да се добие смеса во форма на трошки кои се ставаат врз овошјето. По желба се ставаат ореви и чоколадо.
Се пече најмногу половина час на 180 степени.
Се јаде веднаш.