Вегански чизкејк – без сирење! (ВИДЕО)

Иако во овој чизкејк нема ниту грам сирење во ниту еден облик во кој се употребува во овој колач, станува збор за исклучително вкусен и кремав колач.

0
1001

Состојки за подлогата на веганскиот колач:
135 грама бадеми
65 грама кокосово брашно
8-10 меки урми без семки
1 лажица кокосово масло

Состојки за кремот:

600 грама индиски ореви натопени во вода преку ноќ
200 мл вода
120 мл растопено кокосово масло
120 мл сок од лимон
100 мл јаворов сируп, сируп од агава или мед доколку не сте веган
2 лажици екстракт од ванила

Приготвување:

Во блендер направете ја основата на тортата од бадеми, кокосово брашно, урми и кокосово масло.

Ако немате меки урми при рака, натопете ги оние што ги имате во топла вода најмалку половина час, процедете ги и ставете ги во смесата.

Добиената мешавина добро втиснете ја во калапот за торта и оладете ја неколку часа во фрижидер.

Потопете ги индиските ореви во вода преку ноќ. Исцедете ја водата и измешајте ги оревчињата во блендер со сируп од јавор, кокосово масло, сок од лимон, екстракт од ванила и обична вода.

Ако смесата е премногу густа, додадете повеќе вода.

Истурете ја смесата врз подлогата од бадем и ставете ја во фрижидер неколку часа. Послужете со карамел.

Лиза од YouTube каналот Downshiftology го послужува овој ‘лажен’ чизкејк со сос од карамел. Погледнете го видеото и видете како таа го подготвува.

Фотографијата и видеото се од ТУКА.