Хјустон имаме колачи: Познатото колаче со двојно чоколадо стана првата храна испечена во вселената

Хилтон стана првата компанија за угостителство која учествуваше во истражувањата на Меѓународната вселенска станица, кога астронаутите успешно ги испекоа колачињата со чоколадо во експериментален научен експеримент

0
92

Кексите од чоколадо станале прва храна некогаш испечена во вселената.

Астронаутите спровеле експеримент кој имал за цел да ја проучи можноста за готвење за време на патувањата на долги релации, и успеале.

Во специјална рерна со нулта гравитација на Меѓународната вселенска станица (ISS) минатиот месец се печеле чоколадни кекси, пренесува БиБиСи.

Кексите затворени во поединечни пакувања биле вратени на Земјата на 7.јануари, а резултатите од експериментот кој го спровеле астронаутите Лука Пармитано и Кристина Кок, се објавени оваа недела.

Одговор на прашањето – дали вселенските кекси се вкусни, сé уште не е пристигнат.

Портпаролот на компанијата Double Tree, компанија која испорачува тесто, рекол за БиБиСи дека колачињата наскоро ќе поминат дополнителни тестирања од страна на стручњаците за храна за да се утврдат конечните резултати од експериментот.

И додека чекаме да дознаеме каков вкус имаат, познати се некои други факти за нивза нивното печење во вселената е потребно многу повеќе време. Додека на Земјата истата смеса би се испекла за околу 20 минути на 150 степени Целзиусови, во вселената, првиот кекс се печел 25 минути – и останал недопечен. Вториот го подесиле да се пече 75 минути и неговиот прекрасен мирис се раширил низ Меѓународната вселенска станица. Следните два кекси кои се печеле 120, односно 130 минути, се сметаат за најсупешни.

Фотографијата е од ТУКА.