За уште подобар ефект на загревање, додадете малку ѓумбир. Оваа супа е исто така одлична како главно јадење, се служи со свеж багет или домашен крцкав леб и уживајте!
Состојки:
3 лажици рендан ѓумбир
20 мл маслиново масло
2 сечкани лукчиња
1 тиквичка исечкана на коцки
200 мл вода
800 мл пелати
1 главица (помала) кељ, исечена на ленти
2 свежи домати, исечкани на коцкички
100 г наут (од конзерва)
2 лажици мелен ким
2 лажички чили во прав
Приготвување:
Пропржете ги зачините, тиквичките и ѓумбирот (во садот во кој ќе се готви супата). Промешајте 5 минути, а потоа додадете вода, пелати, 3/4 кељ, наут, 1 домат, ким и чили.
Намалете ја температурата на минимум и оставете да се готви 20 минути.
Измешајте ги состојките со миксер и додадете ги преостанатиот кељ и вториот домат. Оставете да се готви уште 5 минути на средна температура.
Кога ќе биде готова, почекајте 5 до 10 минути пред да ја послужите.
Фото: Pixabey