Лутите пиперчиња го преполовуваат ризикот од срцев удар

Истражувањето користело податоци од 23.000 испитаници во текот на осум години, а учесниците во студијата јаделе лути пиперки најмалку четири пати неделно.

0
544

Ако не јадете често лути пиперки, треба да почнете. Италијанските научници од Институтот Неуромед објавија дека лутите пиперки, доколку се јадат редовно, ги намалуваат шансите за срцев удар во просек за 44 проценти и за мозочен удар за 61 процент.

Во истражувањето користеле податоци од 23.000 испитаници во текот на осум години, а учесниците во студијата јаделе лути пиперки најмалку четири пати неделно. Резултатите од истражувањето ги објавило стручното списание Journal of the American College of Cardiology.

Нивните истражувања покажале здравствени придобивки од лутите пиперки без оглед на начинот на исхраната.

Најдоброто за срцето и крвните садови доаѓа од капсаицинот, фитоматерија која е одговорна за вкусот на лутата пиперка, кој помага во намалување на холестеролот и може да ја блокира и експресијата на генот поврзан со ризикот од атеросклероза.

Фото: Pixabey