Можеби мислите дека микро-зелените салати се исто што и никулците, можеби ви асоцира на „бебешка“ верзија од растението, или ја перцепирате само како украсна билка.
За што станува збор?
Микро-зелените салати се семки од јадлив зеленчук и лековити билки, кои растат еден чекор повеќе од никулците. Се берат веднаш над тлото, а се консумираат листовите и стебленцата.
Микро-зелените салати се супер храна, со заштитна обвивка полна со витамини и хранливи материи. Колку е здрава и корисна во кујната зборува и фактот дека е вклучена во јадењата на многу готвачи уште од 80-тите, особено руколата.
Се добива едноставно: густо го сеете семето, добро залејте го и чекајте да никне, па после 10 до 15 дена (во зависност од видот) наберете и консумирајте.
Истражувањата покажале дека микро зеленчукот има од 4 до 40 пати повеќе витамини и хранливи материи во однос на нивните „позрели колеги“.
Вкусот на микросалатите може да биде сладок, лут, па и благ, во зависност од видот.
Зошто треба да ги насадиме и да ги консумираме?
Можете да засадите голем број на растенија на мал простор. Чини малку и не трае многу време. Тоа е одлично решение за модерните семејства кои немаат време или простор за поголема градина.
Сè што ви треба е лесен и плиток сад.
Ќе имате свежо зеленило за салата, сендвичи или за супа на дофат на рака.
Содржи лесно сварливи витамини, минерали и фитонутриенти кои се многу здрави и вкусни и имаат интересна боја и форма.
Можете да ги користите како декорација.
Многу видови по бербата можат повторно да пораснат и наскоро ќе можете пак да го „зачините“ вашиот оброк со микрозеленило.
Фото: Pixabey