„Тајланд е рангирана на шестото место меѓу водечките земји во светот што фрла отпад во морето“, рече министерот за природни ресурси и животна средина Варавут Силпа-Арча, продолжувајќи дека „тие паднаа на десеттото место во изминатите пет месеци благодарение на ангажманот на жителите“.
Новата кампања започна на првиот ден од Новата 2020. година, и иако 58% од луѓето силно ја поддржуваат забраната, а дополнителни 23% ја поддржуваат до некаде, според неодамнешната анкета на јавното мислење, купувачите сè уште се прилагодуваат на новата реалност, а се прилагодуваат на многу креативен начин. Фотографии на купувачи од Тајланд го преплавија Интернетот во новата година. Покрај торбите за повеќекратна употреба, купувачите биле досетливи и се одлучиле да користат ткаени корпи, канти, колички и куфери, пренесува Њујорк Пост.
Новиот тренд ги зафатил и социјалните мрежи, такашто секој ден можете да најдете нови, фенси идеи и фотографии.
„Луѓето секогаш наоѓаат начин да бидат откачени и да се забавуваат“, изјави уметникот Пимвипар Упатампаганон за NBC News.
Според Гринпис, повеќе од 300 загрозени морски животни во Тајланд умираат од конзумирање на пластичен отпад, пренесува Lonely Planet.
„Додека 60% од морските животни, особено делфините и китовите, умираат од конзумирање на пластичен отпад, 70% од морските желки умираат од пластичен отпад што им се врежува во вратот и во телото“, велат од споменатата организација.
„Банкок пост“ објавил дека целта на Тајланд е до 2025 година да забрани седум од најчестите загадувачи на океанот – вклучувајќи пластични капачиња и кеси, чаши и сламки за еднократна употреба.
Фото: Инстаграм