Оваа компанија ги заменува пластиките за еднократна употреба со лисја од банана

Експертите тврдат дека до 2050. година, во морињата ќе има повеќе парчиња пластика отколку риби. За среќа, бројни организации и компании се борат да го решат овој проблем.

0
350

Пластичното загадување стана еден од главните проблеми на современото општество. Пластиката за еднократна употреба ги бранува вестите уште од моментот кога стана очигледно колку штетна може да биде.

Во 2016. година, светот произведе повеќе од 35 милиони метрички тони пластика, а половина од тоа беа за производи со единечна употреба како пластична амбалажа, шишиња и сламки. Овие артикли остануваат во нашиот екосистем до 1.000 години.

Експертите тврдат дека до 2050. година, во морињата ќе има повеќе парчиња пластика отколку риби. За среќа, бројни организации и компании се борат да го решат овој проблем.

Една таква група, Tenith Innovations, пронајде бројни начини за употреба на лисја од банана во секојдневниот живот.

Од компанијата велат:

„Над половина од светската пластика и хартија се користат еднократно и потоа се фрлаат. Ова подразбира годишно сечење на 7 милијарди дрва.

Мајката природа ни нуди сè што ни треба и нам ни останува да го направиме вистинскиот избор“.

Компанијата создала технологија за лисјата од банани, „мобилна еколошка технологија“ која ги зачувува лисјата и органските биоматеријали до една година, без употреба на штетни хемикалии.

Техниката е развиена од Тенит Адитја, индиски иноватор, кој сега е извршен директор на социјалната мрежа Altruu. Лисјата и биоматеријалите се деградираат за неколку дена, такашто тие не се најдобрата алтернатива за пластика.

Сепак, нивната технологија ги подобрува физичките својства на лисјата со додавање на природен конзерванс.

Ова ги прави издржливи до три години, иако ја губат бојата по една година, и можат да ги заменат и хартијата и пластиката.

На лисјата им ја зголемиле издржливоста и еластичноста, можат да одолеат на екстремни температури и да држат поголема тежина од нивната оригинална природа.

Фотографиите и текстот се од ТУКА.