Знаете ли која е разликата помеѓу црните и зелените маслинки?

Маслинките, било да се тие црни или зелени, содржат бројни антиоксиданси. богати се со железо, содржат витамин Е и имаат голем број здравствени придобивки. Меѓудругото; истражувањата покажажале дека прехраната со додаток на маслиново масло доведува до намален ризик од рак на дебело црево.

0
2448

Многумина не знаат, но црните маслинки се всушност само дозреани зелени маслинки. Се берат во ноември и декември за разлика од зелените кои се берат барем месец до два порано. Колку подолго зрее маслинката, нејзината боја се менува – од зелена до рубин црвена и на крајот, доаѓаме до она што го нарекуваме црна маслинка.

Зелените маслинки имаат покомпактно и посочно месо, а по вкус се посвежи и некако послатки. Црвенкастите се набрани точно во моментот на зреење, а црните всушност би можеле да ги наречеме оние кои се презреани. Колку се маслинките потемни, толку е и месото помеко, а вкусот поинтензивен и погорчлив. Црните маслинки му даваат на маслото позлатни бои, со нешто помала горчина, но самиот плод, кога е созреан има помалку антиоксиданси.

Маслинките, било да се тие црни или зелени, содржат бројни антиоксиданси. Антиоксидантните хранливи својства во маслинките помагаат во превенција на срцевите болести. Здравите монозаситени масти во маслинките потврдено го намалуваат ризикот од атеросклероза и го зголемуваат нивото на добриот холестерол. Неодамнешните истражувања покажаа дека маслинките и маслиновото масло го намалуваат зголемениот крвен притисок.

Антиоксидативните својства на маслинките ги прават природни заштитници од рак. Црните маслинки се одличен извор на витамин Е кој ги неутрализира слободните радикали во масното ткиво, со тоа и ги чуваат ДНК клетките. Оштетените днк клетки пак, често знаат да мутираат а со тоа и да доведат до малигни заболувања. Истражувањата покажаа дека прехраната со додаток на маслиново масло доведува до намален ризик од рак на дебело црево.

Триесетина црни маслинки содржат 17 отсто од дневната количина на влакна, односно помагаат во одличната работа на цревата и забрзувањето на метаболизмот. Затоа се препорачуваат за сите оние кои страдаат од запек. Истата количина маслинки (30) содржат 10 отсто од препорачаната дневна вредност на витамин А, а овој витамин е најважен за здравјето на очите.

Маслинките, особено црните, се богати со железо. Ако страдаме од недостаток на железо, нашиот организам не добива доволно кислород и може да чувствуваме студ или слабост.

Маслинките помагаат и во процесот на слабеење. Имено, ги разградуваат мастите, па со нив полесно може да се ослободиме од наталоженото сало на стомакот. Луѓето кои јадат маслинки и употребуваат маслиново масло, ретко имаат проблем со вишокот на килограми.

Фото: Pixabey