Бројни студии покажале дека лебот е неопходен дел од трпезата во дури 76% од домаќинствата во Европа.
Меѓутоа, многумина советуваат дека треба да ја избегнуваме оваа храна заради високиот гликемиски индекс, односно, заради високиот број кој го покажува интензитетот на лачење на инсулин по внесувањето на некоја намирница.
Сепак, еден трик го прави многу здрава храна која не може да ви наштети.
Ако го замрзнете пред да почнете да го јадете, ќе го намалите нивото на глукоза на половина, па наместо со шеќер, лебот ќе ги нахрани вашите мускули со јаглехидрати кои им се и тоа како потребни.
Овој трик можете да го употребите на секако приготвен леб, од домашен до купечки.
Фото: Pixabey