Еве 5 одлични предлози за употреба на калапите за мафини на нов начин.
- Ќофтиња во тава за мафини
Можете да ги направите вашите ќофтиња многу поедноставно. Само измешајте ја смесата за ќофтиња, распоредете ја во калапите и печете ги на 200 степени 30 минути. Гарнирајте со пире од компири.
Извор: FoodNetwork
- Гнезда од шпагети
Послужете ги вашите шпагети со сирење на нов начин. Направете ги како и обично (само внимавајте да не ги кршите, оставете ги да останат цели) и со вилушка завиткјте ги во облик на гнезда, ставете ги во калапи и испечете ги на 210 степени 10 минути.
Извор: FamilyFreshCooking
- Наопаку
Свртете ја тавата за мафини наопаку и нанесете ја смесата за колачиња на калапите. Печете ги на 180 степени 10 до 15 минути и користете ги како јадливи корпи за сладолед и овошје.
Извор: блог Maikonagao
- Скара – сосови и салати
За помалку неред кога се прави скара, послужете ги сосовите и салатата во калапи за мафини.
Извор: WholeLiving
- Ледени десерти
Во тавата за мафини можете да замрзнете сладолед или чоколадо со овошје, кремови, но и за да послужите разни деликатеси.
Извор: RedBookMag
Фото: Pixabey