Гастроентерологот открива 7 јасни симптоми на нетолеранција на лактоза

Млечниот шеќер или лактозата е во најголема количина присутен во млекото, но го има и во други млечни производи. Јогуртот, кефирот, кремастите јогурти содржат најмало количество млечен шеќер, поточно, тој е присутен само во траги.

0
1104

Интолеранција означува намалена можност или неможност да се свари одредена состојка, а луѓето кои имаат нетолеранција на лактоза нешто послабо можат да го сварат млечниот шеќер или лактозата.

Ензимот што ја вари млечната шеќерна лактоза во нашите црева се нарекува бета-галактозидаза и во тој случај не ја врши својата работа. Млечниот шеќер или лактозата е во најголема количина присутен во млекото, но го има и во други млечни производи. Јогурт, кефир, кремасти јогурти содржат најмало количество млечен шеќер, поточно, тој е присутен само во траги.

Кои се симптоми на интолеранција на лактоза?

Симптомите обично се појавуваат во рок од неколку часа по консумирањето млечни производи, а тие вклучуваат:

болка во стомакот

дијареа

гасови

мачнина

надуеност

„кркорење“ во цревата

Повраќање

Првите три напишани симптоми обично се појавуваат после консумација на млечни производи, тврди д-р Рабија де Латур. мед, гастроентеролог и професор во институтот NYU Langone Health.

Но, зошто доаѓа до реакции? Според пишувањето на лекарката, кога несварената лактоза ќе достигне до цревата, бактериите во нив ќе ја разградат, и така ќе создадат вишок течности и гасови кои ви предизвикуваат проблеми.

Што да се направи ако ве мачи таков проблем?

Се разбира, можете целосно да избегнувате млечни производи или; наместо млеко да користите ферментирани млечни производи како јогурт, кефир, сирење или млеко со намалена содржина на лактоза.

Фото: Pixabey