Пудингот од лимон е неодоливо вкусен и лесен за правење, па затоа е одличен рецепт и за оние мрзливи денови, кога копнеете по нешто слатко, без да морате да го поминете целиот ден во кујната.
Знаеме дека лимонот е прилично кисела храна, но не грижете се – вкусот е навистина фантастичен.
Состојки:
2 јајца
2 лажици брашно
2 лажици путер
0,75 шолја шеќер
кора од 1 лимон
сок од 1 лимон
кора од портокал
0,80 шолја млеко
Приготвување:
Пенесто измешајте ги путерот и шеќерот. Додавајте едно по друго со постојано мешање на жолчките од јајцата, брашно, изрендана кора од лимон и портокал, сок од лимон и млеко, и на крај полека додадете ги изматените белки. Ставете ја смесата во помали керамички чинии. Ставете ги во сад за печење со топла вода и печете ги на пареа во лесно загреана рерна на 150 ° C околу 15 минути.
Овој печен домашен пудинг можете да го послужите со шлаг, а на ист начин можете да подготвите и пудинг од портокал само со замена на сокот од лимон со сок од портокал.
Фото: Pixabey