Посна проја и многу, многу семки

Понекогаш јајцата, млекото и путерот се навистина вишок. Оваа посна проја со три вида на брашно (пченкарно, бело и брашно од хељда) е досега највкусната варијанта во навистина големиот број варијации на тема - проја

0
1000

Состојки:

4 шолји пченкарно брашно

2 шолји бело брашно

2 шолји брашно од хељда

1 шолја ладно цедено масло од сончоглед

4 шолји кисела вода

1 прашок за пециво

1/2 лажичка сол

ленено и сончогледово семе за внатре плус разични семки по ваш вкус за поросување

Приготвување:

Помешајте ги брашната со прашокот за пециво и солта, додадете 1 лажичка ленено семе и 2 лажички сончогледово, измешајте па додадете ги маслото и водата, полека мешајќи со голема лажица.

Тестото истурете го во подмачкана тепсија, поросете одозгора со многу семки (сончоглед, тиква, мак, ким,…) и печете во загреана рерна 30-40 минути во зависност од рерната.

Кога ќе се испече, извадете ја тепсијата и покријте ја со крпа.

Не чекајте сосема да се излади, јадете ја топла.