Состојки:
250 г брашно од хељда (хељдата најчесто ја мелат во продавниците за здрава храна, а можете и сами, во блендер)
150 г брашно од овесни снегулки
1/2 лажичка ленено семе
1 лажичка сусам
1 лажичка мелен ѓумбир
1 лажичка мелен цимет
1 лажица мелен рогач
100 мл маслиново масло
2-3 лажици мед (зависно од тоа колку благи сакате да бидат)
50-100 мл вода (или додавајте по потреба за да можете да замесите тесто)
За украсување: Црно чоколадо (најмалку 70% какао, суво грозје, кокос, бадеми)
Приготвување:
Се замесува тесто од состојките, се расукува и се вадат форми со калапчиња или како ние, со чаша. Се редат во тепсија, врз хартија за печење и се печат на 180 степени 15 минути.
Кога ќе се подизладат, прелијте ги со стопеното чоколадо и украсете по ваша желба.