Мариниран лосос по оригинален шведски рецепт

Ова е точниот рецепт за маринираниот лосос кој го подготви Соња Тодоров, готвачка од шведската резиденција во Скопје за новогодишниот број на магазинот „Арт кујна“, во кој сме направиле грешка претворајќи ја количината на состојките од децилитри во лажички.

0
854

Соња Тодорова е готвачка во шведската резиденција, а ја подготвува и храната за сите големи настани во организација на шведската амбасада. Таа е промотор на шведската кујна и поборник за нула отпад.

Во овој период од годината и на новогодишните и Божиќните празници, шведската трпеза се состои од: Гравлакс (мариниран лосос) со сос од сенф и копар, Јонсон (тава со компири и анховис-риба во маринада, слична на инчун), божиќна шунка, божиќни колбаси, шведски ќофтиња, божиќна зелка, харинга, божиќен леб, сутлијаш со бадем и портокал.

Токму првиот специјалитет од оваа листа е она што Соња го споделува со нас, со тоа што тука ја поправивме грешката која сме ја направиле претворајќи ја количината на состојките изразени во децилитри, во ‘лажички’.

Соња ни објасни дека иако е тоа за нас збунувачки, во шведската кујна сите состојки се изразуваат во децилитри.

Еве го рецептот:

Гравлакс (Мариниран лосос)

Состојки:

1 кг филе од лосос со кожа

1дцл шеќер

½ дцл сол

кршен бел пипер

3 гранчиња копар

Приготвување:

Се чисти филето. Се мешаат солта и шеќерот, потоа се втриваат во филето лосос.

Одозгора се ставе белиот пипер и гранчињата копар. Се остава на собна температура да се растопат шеќерот и солта, а потоа се става во фрижидер да отстои најмалку 24 часа. Се сече тенко.