Да, да признаваме, и ние вака подготвени на разни вкусови, некако го собравме носот на овие редови. Рецептот е преземен од готвачот Fermented Foods на Хрватката Дуња Гулин и ве повикува на предизвик!
Вели дека црното чоколадо доминира со овј колач, а зелката е само онаа состојка за која, конечно, и не мора да знае никој освен вие (и ние, и нашите читатели, и…).
Како и да е, еве го и рецептот.
Суви состојки:
130 г/ 1 шолјичка полубело брашно
35 г /¼ шолјичка интегрално брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
30 г/ 1∕3 шолјичка какао
½ лажичка цимет
Малку ванила
85 г /½ шолјичка кисела зелка, добро измиена и ситно исечкана
45 г / ¼ шолјичка црно чоколадо, иситнето
80 г / ½ шолјичка ореви или други јаткасти плодови, исечкани
Калап за печење со димензии 24 x 18 cm, обложен со хартија за печење
Течни состојки:
120 мл / ½ шолјичка млеко од соја или вода
150 г / ½ шолјичка јаворов сируп
50 г / ¼ шолјичка маслиново масло или растопено кокосово масло
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 °C. Во поголем сад измешајте ги сите течни состојки и додадете ја исечканата кисела зелка па добро измешајте. Ставете врз садот густа цедалка па додадете ги во него сувите состојки (освен оревите и чоколадото) и просејте ги во течните состојки.
Добро измешајте да добиете густа смеса. Додадете ги оревите и иситнетото чоколадо.
Префрлете ја смесата во приготвениот сад за печење и печете 25 – 27 минути. Изладете пред да го исечете колачот.
Фото: Pixabey