На 13. декември од 15 до 22 часот во холот на Народниот театар Битола ќе се одржи второто издание на „Боемски вински салон“ чиј организатор е „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Битола, Горска вода и Народен театар Битола.
После скопскиот, и битолскиот вински салон ќе понуди повеќе вински приказни и ќе се претстават преку 20 производители со 80 етикети на вино и секако, истите ќе бидат дегустирани од голем број љубители на виното.
Салонот има за цел презентација и промоција на производителите на вино, кои ќе ги презентираат своите вински приказни и ќе ги понудат на дегустација своите најдобри вина.
„Битола, бабам, Битола, таму се живот живее, таму се јаде и пие“, порачуваат организаторите и ве канат на најбоемскиот и најхедонистичкиот настан во Битола.
„Дојдете да ги дегустирате најдобрите вина и директно од прозводителите да ги слушнете винските приказни, да слушнете за поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, винските техники на производство и животната средина. Вина промовирани по фер цена во однос на квалитетот.
Слоу Фуд концептот преточен во филозофија на производство и презентација на вина од страна на малите винарии“, велат од Слоу фуд Битола.
Влезницата за винскиот салон чини само 150 денари и со неа добивате винска чаша и можност да дегустирате 100 етикети на македонско вино од 20 винарии.