Според научниците, темното чоколадо содржи психоактивна состојка која создава исто чувство како и користењето канабис. Станува збор за фенилетиламин, невромодулатор кој помага за регулирање на расположението.
Во рамки на студијата спроведена на 13.626 лица, оние кои изеле само 15 грама темно чоколадо имале 70 отсто помала веројатност да појават симптоми на депресија. Освен тоа, својствата на темното чоколадо кои се слични на канабиноиди создаваат сличен вкус, тврдат од лондонскиот универзитет.
Сложените комбинации на флавоноиди во темното чоколадо можат да помогнат во борбата против депресијата. Авторката на истражувањето, д-р Сара Џексон, пишува дека студијата „дава некои докази дека консумирањето на чоколадо, особено темно, може да ги намали симптомите на депресија”.
Меѓутоа, продолжува таа, потребни се дополнителни истражувања за да се разјасни причинско-последичната врска.
„Би можело да се случи депресијата да предизвика губење на интерес за консумирање на чоколадо помеѓу луѓето, а можеби постојат и некои други фактори поради кои луѓето помалку консумираат темно чоколадо”, додава Џексон.
Сепак, мора да знаете дека со чоколадото, како и со било што друго, не треба да се претерува – консумирајте го во нормални количини и тоа нека ви биде десерт со кој ќе се почестите по здравиот и избалансиран оброк.
Фото: Pixabey