Точно е, до пред десетина години, не ни знаевме што е авокадо. Но ете, сега е достапно и иако е прилично скапо, можете да си дозволите барем одвреме навреме по едно. Секако, за да го употребите како што треба, треба прво да знаете и да го одберете и да го чувате на правилен начин.
Како да го одберете
Авокадото се бере како бананите, додека е плодот сè уште млад, тврд и со светла кора. Кога купувате авокадо внимавајте да не е премногу меко, бидејќи тоа може да значи дека е премногу зрело и тогаш нема да биде толку добро за употреба. Освен преку мекоста, можете да откриете дали е презреано и такашто ќе ја тргнете петелката и ако под неа е темно и кафеаво, тоа значи дека е презреано и дека нема да можете да го користите по отворањето. Најдобро е да се купи авокадо додека е со темно зелена во боја и делумно меко, бидејќи тоа значи дека е доволно зрело.
Како да го чувате
Како и со другите тропски овошја, ако го купите незрело, оставете го во хартиена кеса и оставете да зрее на собна температура. За тоа ќе бидат потребни околу два дена, а ако сакате да созрее брзо, додајте зрело јаболко или банана во истата кеса. Тие ќе го ослободат природниот растителен хормон етилен и ќе влијаат на созревањето на авокадото.
Чувајте ги зрелите плодови во фрижидер. Најдобро е да го искористите авокадото веднаш, но ако користите само половина, не ја отстранувајте семката од другата половина. Попрскајте ја оваа половина со сок од лимон и покријте ја со проѕирна фолија.
Авокадо како лек
Авокадото е полн со хранлива вредност, бидејќи е богато со незаситени масни киселини, калории, железо, бакар, фосфор и магнезиум. Покрај тоа, извор е на растителни влакна и богато со витамини А, Ц и Е, но и со калциум и калиум.
Авокадото е добро за:
подмладување на кожата
за подобрување на работата на срцето
за навлажнување на кожата и олеснување на симптомите на псоријаза
за регулирање на крвниот притисок
го подобрува видот
ја намалува можноста за камења во бубрег
особено им помага на бремените жени при утринските мачнини, но и за подобар развој на фетусот
Како да го јадете
Авокадото е најдобро да се јаде сирово. Можете да го попрскате со сок од лимон, малку сол, црн пипер и ако сакате, со маслиново масло. Може да се користи како намаз, како додаток во сос за разни други јадења или само со тост. Може да се исече во сендвич или во салати. Одлично е за правење смуди затоа што оди добро со млеко и со друго овошје и зеленчук.
Намаз од павлака или урда и авокадо
Состојки:
авокадо
лимон
свежо сирење (урда) или павлака
босилек
домати
тост или леб
Приготвување:
Исчистете го и згмечете го авокадото. Додадете го сокот од лимон и добро измешајте. Потоа, по желба додадете ги сирењето, босилекот и зачини по желба. Ставете ја смесата на тост и додадете свежи домати.
Фото: Pixabey