Многу малку намирници имаат толку добри нутритивни својства како авокадото. Иако некои го избегнуваат заради големиот процент на маснотии што ги содржи, важно е да се нагласи дека авокадото содржи претежно монозаситени масни киселини кои помагаат во регулирањето на нивото на холестерол.
Авокадото може да се јаде во сендвич, како додаток во салата и во други јадења, пијалаци и разни сосови. Но и во десерти, секако, здрави!
Состојки:
3 чаши брашно (се препорачува кокосово или оризово брашно)
5 лажици темно чоколадо во прав
2 лажички прашок за пециво
2 лажички сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1/4 чаша маслиново масло
1 зрело авокадо (згмечено)
2 чаши вода
2 лажици бел оцет
2 лажички екстракт од ванила
2 шолјички шеќер (или 2/3 чаша овошен шеќер)
Глазура:
2 зрели авокада (згмечени)
1 чаша шеќер (1/3 чаша овошен шеќер)
5 лажици темно чоколадо во прав
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 ° С.
Измешајте ги првите 5 состојки. Во друг сад, изматете ги заедно маслиновото масло и следните четири состојки. Додадете го шеќерот. Истурете ги влажните состојки во пирето од авокадо, комбинирајте ги со смесата од брашното и мешајте додека не се соедини. Поделете го колачот во два калапи и печете 30 минути. Извадете ги од рерната и кога ќе се изладат извадете ги од калапот целосно да се оладат. Добро измешајте ги состојките за глазурата и истурете ги врз едното тесто, па ставете го одозгора другото и премачкајте го остатокот од глазурата.
Рецептот и фотографијата се од ТУКА.