Шницли од шампињони

Ако сакате шампињони ама веќе ви здодеа вообичаениот начин на кој ги консумирате, еве една одлична идеја која ние сѐ уште не сме ја испробале, ама одлично звучи. Ако ги направите, испратете ни ја вашата фотографија.

0
536

Состојки:

200 г шампињони

4 јајца

2 лажици масло

Ж3 кришки стар леб

3 лажици презли

Малку млеко

Сол, црн пипер

Приготвување:

Измијте ги и исушете ги шампињоните, а потоа исечете ги на покрупну парчиња.

Во тенџерче загрејте го маслото и издинстајте ги печурките.
Во тава испржете кајгана од три јајца. Потоа оладете ги и едното и другото и помешајте ги. Во меѓувреме потопете го лебот во чинијата со млеко и додадете го натопениот леб во смесата од печурки и кајгана, згмечете сѐ добро и зачинете со сол и црн пипер.

Од смесата обликувајте шницли, валкајте ги во презли и испржете ги на врел зејтин.

Фото: Pixabey