Киноа: здрава и безглутенска намирница која брзо се готви

Киноата спаѓа во протеинска храна, а е добар извор и на железо, магнезиум, калциум и растителни влакна. Притоа, не содржи глутен!

0
745

Киноата е уште една одлична супернамирница, но многумина сѐ уште не знаат како да ја искористат во својата исхрана. Спаѓа во протеинска храна, а е добар извор и на железо, магнезиум, калциум и растителни влакна. Притоа, не содржи глутен!

Инаку, може да се искористи на стотици начини.

Како прво, може да биде интересна и хранлива замена за ориз, кускус и леќа.

Може да го замени компирот во крокетите, кнедлите и останатите видови на компир-теста или во смесите за похување.

Може да се додава во супи, чорби, варива, гулаш, па и во салати.

.

Мелената киноа е идеална замена за брашно во приготвување на слатки без глутен.

Најчесто киноата се вари како ориз.

Важно е добро да се измие, затоа што неизмиеното зрно е обложено со горчлив прав – сапонин.

Вообичаена пракса е зрната да се потопат во вода на 10 минути пред да се зготват.

Општо правило е 200 г киноа да се стават во 300-400 г вода или супа и да се доведе до вриење, а потоа да се намали температурата и да се вари на тивок оган во покриен сад 15-тина минути, додека не омекне или додека не ја впие сета течност.

Уште една опција е после 10 минути да се тргне садот од оган и да се остави покриен да се довари во сопствената топлина.

За суво печење на киноата е потребно да ги измиете зрната и да ги ставате во мали количини на умерено загреана тава, со константно мешање. Кога ќе се исушат, ќе почнаат да пуцкетаат и да шират неодолив јаткаст мирис.

Фото: Pixabey