Колач од мандарини: сочен и ароматичен

Ова е навистина супер сочен бисквит што секој може да го направи, дури и ако не е мнигу вешт во кујната. Лесно е да се подготви, а намирниците се едноставни и лесно достапни. Со оглед дека сезоната на мандарини е во тек, нема подобра работа од овој колач.

0
517

Состојки:

6 мандарини

3 јајца

50 г бадеми или ореви

2 чаши брашно

2,5 чаши шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

180 г путер

Приготвување:

Излупете ги мандарините и исечкајте ги на помали парчиња.

Во сад измешајте ги целите јајца со шеќер и ванилин шеќер. Кога смесата ќе стане посветла и кремава, додадете го стопениот путер и измешајте го малку повеќе. Потоа постепено додавајте брашно и прашок за пециво. Додадете ги мелените бадеми и на крајот, додадете ги исечканите мандарини и полека, со лажица помешајте ги во смесата.

Добиената смеса истурете ја во помал сад за печење што прво мора да се подмачка и набрашни.

Печете во рерна загреана на 180 степени C околу 20-25 минути.

Изладете го печениот колач, поросете го со шеќер во прав и сервирајте.

Фото: Pexels