Како наједноставно и најбрзо да скиселите зелка?

Ако не сакате да ставате големи количини кисела зелка затоа што ви е страв дека нема да ви се погоди или пак затоа што е времето сѐ уште топло или пак, едноставно, не ја јадете толку многу, еве одличен рецепт како лесно и брзо да направите мала количина кисела зелка.

0
1448

За приготвување кисела зелка потребни ви се:

3 главици зелка

Сол

Вода

Приготвување:

Исчистете ја зелката и две главици изрендајте. Една главица издлабете и ставете во дупката малку сол. На дното од садот со капак кадешто ќе ја чувате, ставете од ренданата зелка и посолете.

Одозгора ставете ја целата главица зелка па покрај неа во круг ставајте од ренданата и притискајте со рацете.

Посолувајте го секој ред рендана зелка. Налејте ладна вода за да се покрие и одозгора притиснете со притискач за земница или со некој камен. Оставете ја 10-12 дена на топло да се скисели и потоа можете да си направите подварок со мисирка или со свинска коленица, во зваисност од вкусот, а можете и без месо, ако сте вегетаријанец. Одлично оди со лут ајвар.

Фото: Pixabey