Оваа вкусна црна тестенина ја направивме со готови јуфки кои веќе содржеа црнило од сипа. Иако летоска баравме да купиме, никаде не можевме да најдеме црнило од сипа за да го додадеме во обичните тестенини, но овие, со хрватско потекло, се покажаа навистина одлични.
Вкусната црна тестенина со црнило од сипа, од локално италијанско јадење, стана светски деликатес кој денеска се приготвува ширум светот.
Иако изгледа како да станува збор за комплексно јадење кое може да се нарача само во ресторан, овој специјалитет можете лесно да го приготвите и дома. Значи, ви треба мастило од сипа или пак вакви тестенини кои во себе веќе го содржат. Сварете ги како и секоја друга тестенина и не комплицирајте. Одлични се само со малку пармезан.
Уште една добра работа е тоа што овој, релативно нов хит меѓу гурманите, има и свои здравствени предности.
Според најновите истражувања, црнилото од сипа е прогласено за суперхрана. Студија од 2013. година открила дека содржи високо ниво натиоксиданси и има одредени способности на оксидација на липидите кои можат да го намалат ризикот од срцеви болести.
Кога станува збор за здравјето, салатата од виолетова зелка е само бонус плус.
Фото: PS visualart