Витаминот Д помага во одржување на здравјето на коските, забите и мускулите и неговото ниво во организмот може значително да се спушти откако ќе завршат летните месеци.
За да се спречи тоа, потребни се некои намирници, а понекогаш се препорачуваат и суплементи.
Рибите и печурките се на врвот на листата со пожелни намирници, особено мрсна риба како што е скушата. Таа е одличен извор на омега-3 масни киселини и се вели дека е една од најздравите опции. Причината за ова е веројатно тоа што скушата, покрај тоа што е богата со протеини, има и многу ниско ниво на жива. Потоа следуваат харингата и лососот, кои исто така се препорачува да се консумираат во умерени количини секоја недела. Дивиот лосос добива витамин Д од планктонот што го јаде и на тоа треба да се обрне внимание, советуваат експертите, објаснувајќи дека одгледуваниот лосос нема да биде толку богат со витамини.
Во овесните снегулки и јогуртот
Ако сте вегетаријанец или веган, за вас има и храна со природен извор на витамин Д, а тоа се печурките. Тие, како луѓето и животните, имаат способност да произведуваат витамин Д кога се изложени на сончевите зраци.
Витаминот Д можете да го најдете за појадок и во одредени снегулки и некои јогурти. За оние со послабо здравје, препорачливо е да консумираат додатоци во исхраната, само витамин Д или мултивитамински капсули.
Како извор на витамин Д, ценето е и маслото од црниот дроб на бакаларот, исто така достапно во капсули. Производителите напоменуваат дека „недостатокот на витамин Д е светски здравствен проблем “, додавајќи дека според некои студии, предучилишните установи покриваат само 21 процент од препорачаната дневна доза, а младите 60 проценти. Ова укажува на слабо покривање на дневните потреби за витамин Д.
Постарите лица се изложени на зголемен ризик
Постарите лица се изложени на зголемен ризик од недостаток на витамин Д не само заради недоволното изложување на сонце, туку и заради нивната намалена способност да произведуваат витамин Д во кожата. Луѓето на возраст од 70 и повеќе години се верува дека имаат само една третина способност за создавање витамин Д од способноста на 20-годишните лица.
Фото: Pixabey