Полна чаша здравје, за одличен почеток на денот

Одличен почеток на денот е загарантиран ако го подготвите за себе и за вашите најблиски овој пијалак. Млекото, јогуртот, овесот и бананите ќе ве окрепат на најслаткиот, но и на најздравиот начин.

0
681

Ако сувото грозје не ви е омилено, слободно заменете го со брусница, урми или некое друго омилено суво овошје. Ако сакате да ја зачините вашата чаша за здравје, не заборавајте да ги додадете и омилените јатки.

Состојки:

1 чаша кравјо млеко

2 лажици јогурт

1 банана

3 лажици овесни снегулки

2 лажици суво грозје

1 лажичка мелен цимет

Малку екстракт од ванила

Приготвување:

Потопете ги овесните снегулки во млеко за да омекнат. Сувото грозје, исто така, треба да постои во топла вода околу десет минути. Потоа исецкајте ја бананата и сите состојки добро измешајте ги во блендер.

Фото: Pixabey