Како почна фамата околу сокот од целер?

Се препорачува да се консумираат 4 дл сок од целер секое утро на празен стомак, а авторот на книгата од која почна сѐ, тврди дека резултат на ова се губење на тежината и регулирање на крвниот притисок.

0
642

Целерот содржи многу хранливи материи добри за здравјето, тој не е замена за здрава исхрана и начин на живот. Пиењето многу сок од целер нема да ја поправи лошата диета или недостатокот од вежбање.

Всушност, не постојат индивидуални лекови или храна што има чудесен ефект во смисла на тоа дека можат да го подобрат здравјето или да придонесат за слабеење. Кога го тврдат тоа за додаток на храна или храна, можете да бидете сигурни дека е тоа најчесто маркетиншки трик. Најздрави се избалансираниот начин на исхрана и секојдневно движење. Ако живеете на овој начин, сокот од целер ќе биде корисен додаток бидејќи навистина има многу придобивки.

Популарноста на сокот од целер започна со книгата Celery Juice: The Most Powerful Medicine of Our Time Healing Millions Worldwide”, од Ентони Вилијам  кој се нарекува себеси медицински медиум (Сок од целер: Најмоќната медицина на нашето време која лекува милиони низ целиот свет). Книгата препорачува да се консумираат 4 дл сок од целер секое утро на празен стомак, а авторот тврди дека последица е губење на тежината и регулирање на крвниот притисок.

За жал, нема многу научни докази за да се поддржат тврдењата на Вилијам за сокот од целер. Сепак, постојат докази дека целерот има здравствени придобивки, но само ако се гледа во контекст на целокупната исхрана и начинот на живот.

Придобивките од сокот од целер

Листот, семето и екстрактот од целер биле популарни со векови во традиционалната практика на хербалната медицина. Студија од 2017. година објавена во списанието „Комплементарна и алтернативна медицина“ наведува дека целерот:

може да го намали ризикот од срцеви заболувања, жолтица, проблеми со уринарниот тракт, нарушувања на гихтот и ревматоидните пореметувања, подобрување на плодноста, зголемување на бројот на сперматозоидите, анти-габично и антибактериски, може да се користи кај бронхитис, колики, астма, кожни состојби, треска, повраќање и тресење.

Целерот има многу намени како лековито растение, но тешко е да се внесе доволно со храна и затоа сокот од целер стана главен избор кога станува збор за начинот на консумирање.

Нутритивни својства

Целерот се смета за храна со негативни калории, бидејќи нејзиното варење бара повеќе калории отколку што се внесуваат со него. Содржи многу:

витамин Ц,

ретиноиди и каротеноиди,

витамин к,

калиум,

фолна киселина,

пантотенска киселина,

Витамини Б2 и Б6,

бакар,

манган,

магнезиум.

Секогаш е подобро да се земаат витамини и минерали од храна отколку од додатоци, а целерот е вистински витаминско-минерален коктел богат со антиоксиданти. Антиоксидансите како што се флавоноидите се борат со слободните радикали одговорни за појава на акутни и хронични заболувања.

Антиоксидантите од целерот придонесуваат за намалување на појавата на воспаление и развој на болеста.

Антиинфламаторни ефекти и придобивки за здравјето на срцето

Заедно со антиоксидансите, целерот содржи и други соединенија кои се борат против воспалениата. Студијата од 2017. година објавена во списанието Journal of Asian Natural Products Research покажала дека одредени соединенија во целерот можат да ги променат процесите на молекулите одговорни за настанување на воспаленијата и со тоа да ги намалат истите.

Целерот е одличен зеленчук кој го поддржува здравјето на срцето. Една студија од 2015 година објавена во списанието Fitomedicina Avicenna покажала дека целерот го намалил холестеролот и крвниот притисок кај стаорците кои добиле екстракт од лист од целер. И, една студија од 2013. година го поддржува ова, наведувајќи дека целерот има својства што добро дејствуваат врз кардиоваскуларниот систем и може да биде потенцијален третман за оние кои страдаат од хипертензија. Сето наведено ги поддржува теориите за целерот како супер храна.

Зошто целерот е подобро да се пие отколку да се јаде?

Целерот очигледно има многу придобивки кога е вклучен во исхраната, па многумина се прашуваат зошто е потребен сок. Причината зошто сокот од целер е подобар е тоа што неговите влакна се отстрануваат, па затоа е полесно да се внесат повеќе витамини и минерали. Факт е дека влакната се клучот за здрава исхрана, на пример кога станува збор за конзумирање овошни сокови, кои не се препорачуваат во толкава мерка затоа што содржат висока концентрација на шеќер. Но, кога станува збор за смуди во кое се задржани влакната од овошјето или кога плодовите се јадат цели, тогаш влакната ја балансираат количината на шеќер за тоа да стане здрав оброк. Меѓутоа, сокот од целер е исклучок и подобар избор од смуди.

 

Рецепт за сок од целер

Полесно е да се направи во соковник, но можете да го направите и во блендер.

Состојки:

2 стебленца целер

Подготовка во соковник:

  • Одделете ги листовите и коренот на целер од стеблото
  • Добро измијте ги
  • Вметнете во соковникот
  • Внесете неколку коцки мраз во добиениот сок

Подготовка во блендер:

  • Одделете ги листовите и коренот на целерот од стеблото
  • Исечете го коренот на помали парчиња
  • Ставете ги коренот и лисјата во блендер и додајте вода
  • Мешајте
  • Ставете цедилка или газа на блендерот и исцедете го сокот
  • Додадете неколку коцки мраз за подобар вкус

Дали е важно да се користи органски целер?

Изненадувачки, истражувањата покажале дека органски и конвенционално одгледуваните производи содржат прилично слични количини на хранливи материи. Едно истражување од 2012 година открило дека органската храна не била значително похранлива од неорганската. Сепак, придобивките од консумирање органски производи е во тоа што со нив се избегнува внесувањето пестициди преку конвенционално одгледаните овошје и зеленчук.

Фото: Pixabey