Состојки:
3 парчиња сланина
4 парчиња бело месо
1 авокадо
Лажица сечкан рузмарин
4 чаши измешано зеленило (рукола, спанаќ, зелена салата…)
2 круши сечкани
2 кромида ситно сечкани
Малку ореви сечкани
Сува брусница
Прелив од мед и сенф
Приготвување:
Пропржете ја сланината на средна топлина додека не стане крцкава. Во маслото од сланината испржете го белото месо по три минути од секоја страна додека не добие жолто-златна боја. Поросете го месото со рузмарин и оставете да се одмори. Исечете го печеното пилешко и измешајте го со зеленчукот, сланината, кромидот, крушите, авокадото, оревите и брусниците.
Истурете врз сето тоа смеса направена од лажичка сенф и лажичка мед. Промешајте и уживајте во вашиот оброк.
Фотографијата е од ТУКА.