Една студија од 2004. година објавена во Harvard Medical School Family Health Guide утврдила дека јаткастите плодови се најдобри кога се консумираат во комбинација со други јаткасти плодови. Така мешани, сирови и незачинети се најдобар извор на нутриенти и антиоксиданси, наведува health.com.
Сепак, секој од тие плодови посебно се добри за здравје на мозокот, простатата или за губење на килограмите, а ние ви ги посочуваме нивните особености.
Бадеми, ф’стаци, индиски оревчиња
Иако се сите јаткасти плодови здрав додаток на исхраната, некои од нив содржат нешто помалку калории од другите. Плодови со најмалку калории се бадемите, а следуваат индиските оревчиња и ф’стаците. Секако, важно е да се напомене дека станува збор за природни плодови кои не се пржени и на кои не им е додадена сол.
Ореви
Со висок процент киселини погодни за срцето, оревите спаѓаат во плодови кои се најдобри за здравје на срцето. Покрај тоа, студија од 2006.година покажала дека се оревите еднакво успешни во намалување на воспаленија, како и во оксидација на артериите после полномасен оброк. За вакви резултати, сметаат, треба да се јадат 8 ореви дневно.
Кикирики
Овие плодови се богати со фолна киселина, а тоа ги прави погодни за заштита од падот на когнитивните функции. Освен тоа, тие се извонреден извор на фолна киселина и за вегетаријанците, како и за трудниците, a извор се и на здрави масти и витамин Е.
Пекан орев и бразилски орев
За заштита од рак на простата се користи бразилски орев затоа што содржи минерал селениум, но не би смеело да се претера со овие ореви затоа што прекумерната количина на селениум се доведува во врска со дијабетес тип два.
Од друга страна, пекан оревот содржи стероид кој ги ублажува симптомите на зголемена простата.
Бадеми
Бидејќи се најголем извор на калциум, бадемите се извонредни за целокупното здравје, а богати се со витамин Е кој делува противвоспалително. Токму затоа, бадемите се намирници кои мора да ги вклучите во својата исхрана заради успешна превенција од болести.
Фото: Pixabey