Во анкетата која опфатила 1330 Британци објавена во медицинското списание „European journal of cancer“, повеќето точно навеле дека пушењето предизвикува рак.
Меѓутоа, сé повеќе луѓе погрешно ги сфаќаат факторите на ризик.
Пушењето, дебелината и претераното изложување на ултравилетово зрачење се најчести причини на рак кои можат да се елиминираат.
Во британскиот центар за истражување на карцином велат дека во четири од 10 случаи на рак е можно да се спречи болеста со промена на животниот стил и дека е важно да се имаат вистинските информации“.
Истражувачите од Универзитетот во Лондон и универзитетот во Лидс утврдиле дека повеќе од 40 проценти од луѓето погрешно веруваат дека стресот и адитивите од храната се причинители за карцином.
Повеќе од една третина (35 проценти) веруваат во недокажаните тези дека електромагнетното зрачење и генетски модифицираната храна се фактори на ризик, 19 проценти велат дека микробрановите печки предизвикуваат рак, а 15 проценти веруваат дека водата од пластично шише е опасна за здравјето.
Повеќето (88%) точно навеле дека пушењето предизвикува карцином, 80% го додале и пасивното пушење, а 60% рекле дека прекумерното сончање е фактор на ризик. Сето ова е научно докажано.
Студијата исто така покажала и дека луѓето кои веруваат во погрешни тези за карцином не се повеќе склони кон ризични навики, но дека помеѓу оние кои се подобро информирани има помалку пушачи и почесто јадат овошје и зеленчук.
„Загрижувачки е што толку многу луѓе веруваат во фактори на ризик за кои воопшто нема убедливи докази“, вели професорот Самуел Смит од Универзитетот во Лидс.
Тој посочува дека бројот на луѓе кои веруваат во недокажани тези е значително зголемен во однос на претходните истражувања, што ѝ го припишува на промената во начинот на кој луѓето се информираат себеси, што во последно време најмногу го прават преку Интернет и социјалните мрежи “.
„Од животно значење е да им пренесеме на луѓето точни информации за причините за појава на карцином, такашто тие ќе можат да носат одлуки врз основа на нив, наместо да се секираат без причина“, вели тој.
Клер Хајд од Центарот за истражување на рак вели: „Нема гаранција дека нема да заболите од карцином, но знаењето на најголемите фактори на ризик може значително да ја намали веројатноста дека ќе се разболите, а не да трошите време и нерви на погрешни работи“.
Фото: Pexels