Мириса на Винодонија

На 29. и 30. ноември во хотел Мериот ќе се запознаеме со 50 македонски и странски винарии и нивните 450 етикети кои ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино.

0
255

Нова винска есен, нова Винодонија!

Четвртото издание на винскиот салон ќе се одржи на 29. и 30. ноември во хотел Мериот, во проширена и збогатена форма и содржина.

Елегантен настан кој го слави виното и неговата магија и кој го подигна нивото на винската култура во Македонија во изминатите години.

Ќе се запознаете со 50 винарии, македонски и странски и нивните 450 етикети кои ќе ве прошетаат од Демир Капија до Трентино.