Состојки:
3 белки
150 г бадеми
100 г шеќер
1 лажица какао
Приготвување:
Се блендираат бадемите, па се мешаат со 50 г шеќер и 1 лажица какао. Се матат белките во цврст снег и потоа им се додава 50 г шеќер. Потоа се меша сѐ со шпатула.
Со лажица земајте од смесата и редете во тепсија на хартија за печење.
На кратко се обаруват цели бадеми, се лупат и по еден бадем се става одозгора, врз секое колаче. Печете ги околу 15 минути на 180 степени.