Состојки:
3 жолчки
500 г маскарпоне
120 г шеќер во прав
180 мл силно кафе
2 лажици рум
Пишкоти
Какао за поросување
Приготвување:
Се вари кафе и откако ќе се олади во него се додава румот. Се натопуваат на кратко пишкотите од едната страна и се редат, ред пишкоти, па крем, па пак пишкоти, додека не се потроши материјалот. А за да го направите кремот, изматете ги жолчките со шеќерот во прав, а потоа и со маскарпонето.
Најдобро е да отстои преку ноќ и да се јаде утредента. Пред послужување се поросува какаото.