Што правите со остатоците од овошјето и зеленчукот во соковникот?

Пулпата од соковникот е вистинска ризница на минерали и витамини од кои можете да имате дури и повеќе корист отколку од сокот кој сте го испиле

0
466

За тоа колку се здрави свежо исцедените сокови веќе е многу кажано, но не е лошо да кажеме нешто и за тоа што може да се направи со вредните остатоци од соковникот.

Колку и да ви изгледа дека сте го исцедиле најдобриот дел од овошјето и зеленчукот во чаша, тешко е да не чувствуваме грижа на совест кога ја фрламе пулпата или ја додаваме во компост.

Остатоците од соковникот се вистинска ризница на минерали и витамини од кои можете да имате дури и повеќе корист отколку од сокот кој сте го испиле.

На пример, остатоците од морковите можете да ги додадете во тестото за мафини и да добиете одличен десерт или да ги додадете во некој друг зеленчук и да направите одлични веге плескавици.

Можете да ги додадете остатоците за да го згуснете варивото, гулашот или сосот за шпагети, или пак да направите сос за тортилји и чипс. Можете да направите  и фил за пита и кајгана полна со вкусови..

Остатоците од целер, морков, магдонос, праз или пиперка можете да ги измешате, па да ги раширите и да ги исушите во рерна или пак да ги замрзнете па да и посолите и да ги користите како домашен додаток за јадењата.

Лебовите со различни додатоци се сѐ попопуларни па зеленчуковите остатоци можат да бидат вашиот главен адут за да направите леб со единствен вкус.

Сиот тој прекрасен зеленчук без премногу сок, но со многу вкус, е погодно за да го замени месото во јадења како мусака или лазањи, па пробајте ја и оваа варијанта.

Овошните остатоци се одлични и како додаток во палачинките или како фил за овошна пита, особено кога станува збор за остатоци од круши и јаболка. Повеќето овошни остатоци се идеални за облагородување на овошните салати, на кои освен арома ќе им додадеме и малку природни шеќери.

Остатоците од домати ќе ви го збогатат зеленчуковиот сос за тестенини, супи, сосови на италијански начн, но и за сосови од типот на гвакамоле. Некои пулпи се и одлично природно средство за нега на кожата и косата. Помешајте ги остатоците со некое масло за нега и направете си природна маска или пилинг за нега.

Суфле

Креирајте свое слатко и солено суфле такашто ќе му го додадете остатокот во својот соковник.

Сарми

Зеленчуковите сарми се сѐ попопуларни и кај оние кои јадат месо и сигурно ќе им се допаднат ако во филот ги додадете и овие остатоци.

Чипс

Зачинете ги остатоците, раширете ги во тенок слој и исушете ги во рерна. Потоа искршете ги на парленца и послужете ги како здрави грицки или како крцкав додаток во сезонските салати.

Фото: Pixabey