Студијата која неодамна била објавена во американското списание „Clinical Nutrition“ би можела да доведе до благи промени во досегашниот начин на размислување за правилен распоред на оброците, затоа што резултатите покажале дека најбогат оброк во текот на денот би требало да биде ручекот.
Стручњаците го споредувале губењето на тежината кај две групи испитаници.
Станува збор за жени помеѓу 18 и 45 години кои имале потполно еднаков дневен внес на калории.
Разлики се покажале помеѓу оние на кои главен и најбогат оброк им бил ручекот и оние кои се одлучиле да се почестат со вечера.
Групата која имала пообилен ручек изгубила 1,3 килограми повеќе од онаа кога обилно вечерала, дносно, 5,6 килограми во однос на 4,3 во текот на 12 недели колку што траело истражувањето.
Освен одлични резултати на вагата, кај жените на кој најобилен оброк им бил ручекот, оваа навика се одразила и на здравјето.
На пример, имале подобра инсулинска чувствителност, што е важно за одржување на глукозата во нормани граници, а и здравјето во целина.
Секако, ќе бидат потребни повеќе истражувања за овие резултати да се земат здраво за готово и за да се препорачуваат како поздрав начин на живот, но секако не се занемарливи, а најдобро од сѐ е тоа што за овие промени не е потребно премногу труд.
Фото: Pixabey