Сладолед од тиква

Есен е, ама тоа не значи дека нема да се јаде сладолед. Само наместо од јагоди, праски или кајсии, ќе биде од тиква

0
283

Состојки:

500 г тиква, печена или варена

10 урми

500 мл млеко и 100 г путер

Цимет или ѓумбир по вкус

За послужување: растопено црно чоколадо и исечкани семки од тиква или бадеми

Приготвување:

Ставете ја во блендер печената или варената тиква исечена на помали парчиња и исчистените урми. Измешајте за да добиете пире, па додадете го млекото и путерот и повторно мешајте додека не се добие сосема мазна смеса. Ако сакате зачинете ја со цимет и/или ѓумбир.

Ставете ја смесата во широк и плиток сад и оставете ја во замрзнувач на неколку часа, додека не се замрзне. Извадете ја од замрзнувач 10-15 минути пред послужување. Ако сакате покремав сладолед, искршете го на парчиња и измешајте го во блендер. Распоредете го во помали садови или во корнети и прелијте го со растопено црно чоколадо и поросете со исечкани семки или бадеми.

Фото: Pexels