Понекогаш најздравите делови од зеленчукот ги фрламе во кантата за отпад, наместо да завршат на нашата чинија. Освен што со ова губиме важни хранливи материи од зеленчукот, тоа не е добро ниту за домашниот буџет. Прочитајте како да ја избегнете оваа и уште некои најчести грешки кои ги правиме кога готвиме зеленчук.
Го фрламе најздравиот дел од зелката и лиснатите салати
Надворешните листови од зелката или од зелената салата неретко не изгледаат „совршено“, а понекогаш имаат и помали дамки, па затоа често па затоа често ги фрламе во отпад и ги користиме внатрешните листови, притоа, незнаејќи дека всушност го фрламе најздравиот дел од зелката, односно, од зелената салата.
Надворешните листови од зелката најмногу биле изложени на сонце, па затоа и Надворешните листови од зелката најмногу биле изложени на сонце, па затоа и Надворешните листови од зелката најмногу биле изложени на сонце, па затоа и Надворешните листови од зелката најмногу биле изложени на сонце, па затоа содржат и до десет пати повеќе флавоноиди отколку внатрешните листови!
Флавоноидите се важен нутриент, кој делува како антиоксиданс (повеќе за антиоксидансите и и нивното делување прочитајте овде) и ни помага во превенцијата на канцерогените заболувања.
Отсечете го внимателно само оној дел кој е видливо оштетен и искористете го максимумот од надворешните листови, а ако се оштетени толку што не можете да ги јадете во салата, секогаш можете да ги пропржите на маслиново масло или да ги додадете во супи од зеленчук.
Ги фрламе коренот и стебленцата од карфиолот
Коренот од карфиолот, како и петелките од цветовите на карфиолот се јадливи и богати со влакна, но неретко завршуваат во кантата за отпад. Можете да ги користите во јадењата од карфиол, да ги додадете во супи или да направите јадење од истите со компир. Коренот од карфиол е богат со влакна и во Индија се јаде свеж (потребно е само да се отстрани со нож надворешниот слој од коренот, кој е со потемна боја: внатрешноста на коренот е хранлива и целосно јадлива).
Ги фрламе стебленцата од брокулата
Стебленцата од брокулата се исто така јадливи како и оние од карфиолот. Можат да се направат сами, накусо пропржени со зачини, како прилог за јадењето или во комбинација со компири, па како додаток во варива, супи.
Ја фрламе внатрешноста од тиквата
Внатрешноста од тиквата со семките (доколку не ги сушите семките за јадење) е одлична како основа за супа. Внатрешноста од тиквата проварете ја накусо во вода, исцедете ја водата и зачувајте ја за супа. Така ќе ја збогатите со дополнителни витамини и минерали. Во ова можете да ги додадете и останатите делови од зеленчукот кои можеби не ги користите (како стебленцата од спанаќ или блитва).
Го преваруваме зелениот зеленчук
Најзначајните нутриенти од зелениот зеленчук (како хлорофилот и витаминот Ц) се термолабилни (чувствителни на температура), па со готвењето губат многу скапоцени минерали и витамини.
Зелениот зеленчук е препорачливо да се јаде сиров (во вид на смути или како салата) или да се вари на пареа (можете да користите посебен наменски сад за готвење ба пареа со помали отвори која ќе ја поставите на врвот од садот со вода, која ќе ја покриете или импровизирајте со метална цедалка).
На овој начин зеленчукот ќе ја задржи зелената боја и повеќето нутроенти. Ако немате ваков вид на сад, зелениот зеленчук додадете во последната минута од готвењето, па само накусо обработете го термички додека не омекне.
Правиме „безвкусна“ салата
Многу луѓе 9дури и вегетаријанците) не се големи обожаватели на салата (која е многу важна за да ги внесеме преку исхраната витамините и минералите со кои е богат само сировиот зеленчук. Ако си поиграме со вкусовите и мирисите можеме да направиме салата која ќе биде со одличен вкус. На пример, ако сакате да направите салата од зелен лиснат зеленчук. За совршен дресинг за салата помешајте сок од лимон или оцет и малку сол плус лажичка мед и маслиново масло со црн пипер или чили.
Овој дресинг за салата ќе им дадат феноменале вкус на сите салати.
Јадеме идентичен зеленчук од ден во ден
Многу е важно зеленчукот што го јадеме да биде разновиден, за да ги внесеме со исхраната сите минерали и витамини. Дури и вегетаријанците паѓаат во замка да не јадат доволно зелен зеленчук или коренест како репата, слаткиот компир , ротквите… или пак јадат само неколку видови зеленчук, шт неретко доведува до недостаток од одделни минерали и витамини, што за последица има пад на имунитетот и нарушување на општото здравје.
Секоја група зеленчук е богата со посебни витамини и минерали кои имаат своја важна и незаменлива функција за нашето здравје!
Најлесен начин за правилно комбинирање на зеленчукот е да водите сметка различните бои од виножитото да бидат застапени секогаш или барем често како комбинација од зелен, портокалов, црвено, бел, виолетов….зеленчук).
Фото: Pixabey