Семејството Стојчески со своите производи од тартуфи „слета“ во Слоу фуд салонот

Од обичен муабет со еден пријател, до куќа секојдневно исполнета со мирисот на тартуфите, а со време и со сѐ поголем број вкусни производи со тартуфи, Сашо Стојчески го најде својот нов животен повик - собирач на тартуфи

0
1758

Вчера, во „Александар Палас“, на Салонот на Слоу фуд, сретнавме голем број познајници и производители на преубави домашни производи, а меѓу нив, како нови членови на големото семејство на „Слоу фуд“ и семејството Стојчески.

Сашо Стојчески кој од обичен муабет со еден пријател, сосема случајно трна по патот на тартуфите сега заедно со своите најблиски има дом кој е секојдневно исполнет со мирисот на овие неугледни, но многу вкусни и вредни печурки.

Истовремено, го најде и својот нов животен повик – собирач на тартуфи.

Иако не може да се пофали со некој убав изглед, напротив, неугледен е и со боја на земја, тартуфот е поскап и од злато. Станува збор за подземна печурка со, за некого прекрасен, а за некого неподнослив или барем прилично непријатен мирис. По тартуфите трагаат специјално обучени кучиња, во Русија – дресирани мечки, а во Сицилија – кози. Трагачите по тартуфи се откажале од дивите свињи, затоа што тие, откако ќе ги најдат тартуфите, ненаситно самите ги јадат.

Сашо оваа потрага ја прави со својот верен пријател, песот од расата ‘лагото ромањоло’.

Килограм од овој бел тартуф кој Сашо, иако многумина го разубедувале, бил убеден дека ќе го најде и кај нас, чини 2 илјади евра, а црните кои се многу побројни, чинат околу 200 евра за килограм.

Тие сега прават и најразлични деликатеси со голем процент на тартуфи, како на пример, намазот кој содржи 80 проценти тартуфи, маслинки и маслиново масло, маслиново масло со тартуфи, па дури и ракија и мед со тартуфи.

И сето ова заедно е едно преубаво и превкусно задоволство.