Без оглед дали станува збор за неконтролирана желба за солен чипс или неодолива желба за чоколадо, тешко е да се престане да се размислува за таа работа кога еднаш ќе ни падне на памет.
Но ако имате повторувачка желба за одредена, обично нездрава, храна, тоа би можело да биде знак дека вашето тело сака да ви каже дека нешто не е во ред.
Прочитајте што ви сигнализира желбата за одреден вид на храна.
Желба за сол
Сол, или натриум, е потребна за работа на мускулите во телото. Во голем број случаи, желбата за сол е само преференција за нешто кисело и не би требало да се грижите.
Повремено, желбата за сол може да биде начин на кој вашето тело се обидува да ја поправи нерамнотежата на минерали во телото. На пример, можеби сте дехидрирани или во вашето тело постои нерамнотежа на електролити што може да биде предизвикано од повраќање и пролив или претерано потење.
Желба за слатко
Желбата за слатко може да биде одраз на низок шеќер во крвта. Шеќерот или јаглените хидрати се најделотворен начин за производство на енергија во нашето тело. Затоа, кога имате малку енергија, можете да копнеете за јагленохидрати или за нешто слатко.
Проблемот е во тоа што кога ќе посегнете по сладок залак, тоа може да направи вишок на шеќер во крвта, по што следувапад на шеќерот, а тоа предизвикува уште една слатка желба.
За да не се случи тоа, се советува да се обидете редовно да јадете јагленохидрати со бавно ослободување во текот на денот за да го задржите нивото на шеќер во крвта. Ако акате да каснете нешто слатко, обидете се да го внесете тоа во својот организам како дел од оброкот, за да може шеќерот полека да влегува во крвотокот, што ќе го намали риикот од појава на шеќер.
Јагленохидрати
Освен што често претставуваат храна за утеха, желбата за јагленохидратите би можела да биде уште еден показател на низок шеќер во крвта. Јагленохидратите се еднакви на енергија, па желбата за нив е обично поради низок шеќер во крвта. Желбата настанува главно кога луѓето се обидуваат да ги елиминираат или да ги намалат јагленохидратите, оставајќи го телото со недостаток на енергија.
Желба за чај и кафе
Првата причина е хидратацијата. Потребни ни се 2 до 2,5 л течност секој ден, што вклучува и течност од чај и кафе. Ако не пиете доволно вода, но пиете многу топли напитоци, можеби на вашето тело му е потребна вода.
Втора главна причина е кофеинот. Не се сите чувствителни на зависност од кофеин, но за оние кои се, недостатокот на истиот може да значи ниска енергија и главоболка, а желбата може да биде обид тоа да се поправи.
Желба за мрсна и пржена храна
Ако копнеете по пржена храна причината би можела да биде повеќе психолошка отколку физичка.
Желбата за мрсна храна може да биде своевидно емоционално ослободување од ограничувањата. Ако сме изеле многу нискокалорична храна со малку масти, можеби постои биолошки нагон за барање некоја калорична храна со голем процент на масти.
Фото: Pixabey