Кекси од тиква

Кој сака тиква ја сака во сите варијанти, а вакви колачи се секогаш подобар избор од купечките кекси полни со шеќери и адитиви. Ако душичката ви бара благо, дајте ѝ нешто вакво

0
282

Состојки:

1 Батернат тиква

2 шолји брашно

1/2 прашок за пециво

1 лажичка цимет

2 јајца

1/4 шолја кафеав шеќер или мед по вкус

120 мл масло или путер

Приготвување:

Излупете ја тиквата и исечете ја на помали перчиња и печете ја околу 20 минути на 200 степени.

Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а во друг изматете ги јајцата и шеќерот.

Додадете го во оваа смеса пирето од тиква, а потоа и сувте состојки. Измешајте и со мала лажичка земајте од смесата и ставајте ги колачите во тепсија врз хартија за печење. Печете 16 минути на 160 степени.

Фото: Unsplash