Кој е најдобар начин за чување на лебот? Убедливо најлош е пластичната кеса!

Многумина го чуваат лебот во хартиена или во пластична кеса, но дефинитивно најдобар начин е нешто сосема трето

0
901

Чувањето на лебот во хартиена или во пластична кеса е грешка поради која лебот многу брзо може да буѓоса или да стане бајат.

Кесата полека, но сигурно. Ќе го „исуши“ лебот, а чувањето на лебот на собна температура е идеално за развој на мувла.

Најдобро решение, како и да ви звучи, е да го ставите лебот во замрзнувач.

Вака секогаш ќе имате свежа векна, а можете да ја одмрзнете на два начини:

1. Ако ви треба веднаш, извадете го замрзнатиот леб, ставете го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна;

2. Ако сакате свеж леб за наутро, извадете го пред спиење и ставете го на чиста кујнска крпа полека да се одмрзнува преку ноќ. Наутро вкусот ќе биде како тукушто да сте го купиле во пекара.

Фото: Pixabey