Превртен колач со тиква

Најтешкиот дел во подготвувањето на овој колач е да се исече тиквата. Ако сте мераклија за тиква, ако не, можете да го направите со било кое овошје

0
540

Ова е еден од оние едноставни колачи, кои можете да ги правите со било кое друго овошје, по желба, со тоа што ако го правите баш ваков, со тиква, ќе ви треба околу 20-30 минути за да се испече тиквата, додека за секое друго овошје, треба многу помалку време, или пак воопшто.

Состојки:

1 кг тиква

50 г кокосово брашно

3 лажици кафеав шеќер

За пандишпан:

4 јајца

4 лажици кафеав шеќер

4 лажици брашно

1/2 прашок за пециво

За украсување:

2 шлага

10-15 лешници или бадеми

Приготвување:

Се сече тиквата на потенки тркалца, но не премногу тенки.

Се става хартија за печење во тркалезна тепсија, а врз хартијата се редат тркалцата тиква. Одозгора се поросува кокосот помешан со шеќер па се реди уште еден ред тиква и се става да се пече.

Веројатно ќе ви требаат најмногу 30 минути, или помалку.

Во меѓувреме направете го пандишпанот.

Најдобро е да ги изматите жолчките со шеќерот, а потоа да ги додадете брашното и прашокот за пециво. Белките се матат посебно и полека се вмешуваат во смесата од жолчки и се истура врз тиквата.

Се пече 10 минути.

Кога ќе го извадите колачот, оставете го да се подизлади, а потоа превртете го во голема чинија такашто тркалцата тиква ќе дојдат горе.

Направете шлаг по упатството на кесичката и премачкајте го колачот. Поросете со сечкани лешници или бадемчиња.