Две волшебни голтки секое утро: Мини коктел за чист црн дроб

Направете си го лесно овој домашен препарат од маслиново масло и лимон и со помош на овој природен препарат прочистете го црниот дроб и подмладете го целото тело.

0
1204

Здравјето на црниот дроб е многу важно за општата здравствена состојба на организмот. Значи, од големо значење е да го одржувате црниот дроб здрав.

Овој витален орган има важна улога затоа што го ослободува нашиот организам од токсини и има важна улога во прочистувањето на организмот.

Здравиот црн дроб обезбедува правилно варење и го подобрува метаболизмот.

За да го зачувате црниот дроб здрав и чист ви го предлагаме овој природен и домашен производ кој многу едноставно се приготвува.

Рецепт:

За приготвувањето на овој природен лек потребно е да се направи следното:

Помешајте една лажица сок од лимон и една лажица маслиново масло.

Најдобар резултат ќе добиете ако оваа лековита течност ја земате наутро на празен стомак.

Само неколку дена потоа веќе можете да ги забележите првите резултати, а тоа се враќање на енергијата, враќање на здравата боја на кожата, отстранување на подочниците и подобро варење.

Фото: Freepik