Како експресно да го снижите крвниот притисок?

Крвниот притисок можете да го регулирате со помош на лекови, но и со консумација на здрави намирници. За среќа, постојат две кои експресно го снижуваат

0
723

Оние кои имаат проблеми со притисокот мораат прво да ги сменат прехранбените навики. Докторите велат дека за успешно снижување на виоскиот притисок најважно е да се намали внесувањето на соли и маснотии. Две намирници се особено корисни за лицата со висок крвен притисок затоа што експресно го снижуваат.

Цимет

Неколку студии потврдиле дека систоличкиот и дијастоличкиот притисок кај возрасните лица се намалува со помош на овој миризлив зачин. За таа цел, уфрлете пола лажичка цимет во прав во својата дневна исхрана и полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За инстант ефект топете помела во устата пола лажичка цимет, а потоа напијте се чаша вода.

Лук

Намирница која многумина ја прогласуваат за најздрава на светот, експресно го намалува високиот крвен притисок. Лукот ги опушта крвните жили па ги проширува поради што крвта полесно циркулира и притисокот се намалува.

За брзо снижување на притисокот згмечете три чешниња лук и изедете ги сами или со маку леб. Важно е да знаете дека е лукот најдобро да се згмечи пред консумацијата затоа што така поттикнуваме ензимска реакција во која настанува алицинот, моќно соединение со кое оваа билка се брани од нападите на бактериите и габите.

Фото: Pixabey