Чиа мармалад од сливи (0,5 л)
Состојки:
500 г сливи
2 лажици мед
3 лажици чиа семки
Сок од пола лимон
1/2 лажичка цимет
Приготвување:
Измијте ги сливите и извадете ги семките, па исечкајте ги на четвртини и ставете ги во тенџере на тивок оган. Додадете ги сокот од лимон и циметот и варете ги покриени околу 10 минути, додека не омекнат.
Потоа трнете ги од ринглата и згмечете ги со гмечалка за пире и додадете ги медот и чиа семките.
Оставете да отстојат 5 минути па префрлете во чиста стаклена тегла и потрошете го во рок од две недели.
Совет: За секој случај, стерилизирајте ја теглата.
Фото: Pixabey