Алтернатива: Лекување и превенција на рак со помош на храна

Резултатите од престижните лаборатории низ целиот свет покажуваат дека не само што можете да го подобрите вашето целокупно здравје за да ги спречите болестите, туку исто така можете и активно да се борите против болестите со помош на храната.

0
523

Лекувањето на ракот го сочинуваат три работи:

Ослободување од клетките на ракот со нивното уништување, зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на „внатрешниот терен“ на телото за да биде непријателски настроено кон клетките на ракот.

Повторно е докажано дека храната што ја внесувате има директен ефект врз целокупното физичко здравје. Резултатите од престижните лаборатории низ целиот свет покажуваат дека не само што можете да го подобрите вашето целокупно здравје за да ги спречите болестите, туку исто така можете и активно да се борите против болестите со помош на храната.

Всушност, постојат намирници кои помагаат во борба против канцерот, со други зборови постои природна храна достапна на пазарот која може да ги уништи клетките на ракот.

Постојат неколку природни намирници кои се ефикасни во борбата против ракот:

Лук, лук и повторно лук: природен лек кој ги уништува клетките на ракот

Една неодамнешна германска студија открила дека состојките а лукот се токсични за малигните клетки. Слично како што хемотераписките лекови ги уништуваат канцерогените клетки.

Кога лукот им се дава на животни, тој ефикасно го блокира канцерот, па слично дејствува и кај луѓето – сите оние кои јадат повеќе лук се помалку подложни на различни видови на канцер.

Заедно со останатите роднини како што се кромид, праз и влашец (вид на ситен лук) – лукот содржи моќни антиоксиданси како алицин, докажано ги отстранува слободните радикали од вашето тело. Исто така, го подобрува имунитетот, го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, ја подобрува функцијата на мозокот. Лукот користете го сиров или во вашите омилени рецепти.

Брокулата докажани го намалува ризикот од карцином

Ова се однесува и на кељот, карфиолот и зелката – Брокулата е богата со фитохемикалии и антиоксиданси глукорафанин и индол-3-карбинол кој докажано го намалува ризикот од карцином на грлото на матката, дојките, желудникот и простатата. Делува антиинфаламторно, добра е за коските и за срцето, богата со хранливи материи и одличен додаток за здрава исхрана. За да сочувате најмногу витамини најдобро е да се консумира сирова или варена на пареа. Не е препорачливо да се вари во вода затоа што на тој начин ги губи повеќето вредни состојки.

Зелениот чај во борбата со канцерот

Се верува дека катехините кои можат да се најдат во зелениот чај, се помоќни од витаминот Ц во борбата против слободните радикали.

Повеќе лабораториски испитувања покажале дека ги намалува постоечките туори и го инфибираат растот на клетките на канцерот. Многу експерти укажуваат на тоа дека дневното консумирање на зелен чај се смета за природна превенција од канцер. Исто така, го намалува ризикот од срцеви збаолувања, го снижува лошиот холестерол, а го зголемува добриот и го намалува крвниот притисок.

Јагодите го забавуваат растот на канцерогените клетки

Истражувањата покажале дека јагодите го забавуваат растот на клетките на канцерот, го штитат телото од воспаленија, спречуваат губиток на помнењето, а ќе ви помогнат да ги намалите масните наслаги во организмот.

Јагодите и останатите вкусни бобинки со темна боја – како црните малини, боровинките и гоџи бобинчките се толку вкусни што нема ниту да забележите колку се здрави.

Спанаќ како храна во борбата со канцерот

Иако има малку калории, нуди неверојатни ефекти за здравјето, со витамини, минерали и омега-3 масни киселини кои му се потребни на вашето тело за да остане силно.

Содржи био-хемикалии кои се нарекуваат флавоноиди, кои се широко распространети во растителните организми и имаат улога да ги впијат штетните слободни радикали  и да ги исчистат.

Особено богат со фолати и влакна – два елементи за кои лекарите веруваат дека се неопходни за превенција на канцер – го прават спанаќот омилена храна во борбата против канцерот. За сите заболени од канцер се препорачува да јадат почесто спанаќ во комбинација со ориз. Се динста на малку маслиново масло, а кога е готово му се додава сварен ориз и се зачинува со сок од лимонн и се додава рендана црна ротква.

Доматите во борбата против ракот

Истражувањата утврдиле дека доматите се високо застапени во исхраната на луѓето кои се помалку склони кон канцер. Таа моќ се наоѓа во нивната состојка ликопен – антиоксиданс кој ја предизвикува црвената боја на доматите – познат во спречувањето на одредени видови на канцер.

Ликопенот се наоѓа во голема концентрација во лубеницата, додека во помала концентрација го има во кајсиите. Исто така, го намалува ризикот од срцеви заболувања и делува природно противвоспалително.

Тајната на предноста на доматите лежи во подготовката. Ликопенот се ослободува кога доматот се вари. Всушност, конзервираниот домат има уште поголема концентрација на ликопен од свежиот.

Морковите можат да го забават растот на канцерогените клетки

Тие се одличен извор на бета-каротен, кој им ја обезбедува карактеристичната портокалова боја, антиоксиданс кој помага во спречувањето на оштетувањето на клетките и може да го забави растот на канцерогените клетки.

Морковите се богати со витамини A, B, C, E i K, како и со минералите калиум, магнезиум, железо, фосфор, калциум и влакна.

Морковите содржат и фалкаринол и фалкариндиол, супстанции за кои научниците веруваат дека се причината поради која се тие во редот намирници кои имаат способности во борбата со канцерот.

Постојат многу намирници во превенцијата или борбата против канцерот, но овие седум намирници се достапни во текот на целата година, ефтини се и лесно се наоѓаат. Секако, она што треба да го запомните е дека сето ова се однесува на органската храна.

Глуварчето ги убива клетките на ракот

Листовите и цветот се богати со лековити супстанции, но коренот на глуварчето содржи многу состојки кои ги убиваат клетките на ракот. Чајот од глуварче е познато дека делува такашто клетките зафатени со рак се распаѓаат, а здравите не заболуваат.

Иако ова растение често се смета за плевел, денес го има своето место меѓу билките што се користат во борбата против ракот. Денеска сѐ поголемо значење му се дава на коренот од глуварче, кој може да им помогне на пациентите со карцином, и се смета дека има поефикасно дејство од хемотерапијата и ги убива само оние клетки кои се заболени од карцином.

Глуварчето го чисти црниот дроб, помага при алергии и го намалува холестеролот. Содржи многу витамини – А, Б6, Ц, К, железо, калциум, калиум, фолна киселина, магнезиум.

Коренот на глуварче се собира во пролет или есен, кога енергијата е содржана во коренот.

Како лек, коренот на глуварче се користи свеж или сушен.

Ако сакаме да го задржиме подолго, треба да го исушиме. Пред сушењето, корените треба да се излупат и да се исечат на помали парчиња, а потоа да се исушат на свеж воздух. Коренот се суши до четиринаесет дена и на тој начин ги задржува своите лековити својства до една година. Да се чува во стаклена тегла на суво и темно место.

Црното грозје за борба против рак и превенција

Во борбата и превенцијата од рак, се препорачува редовно консумирање на црно грозје. Пожелно е да ги грицкате семките од грозјето за да ги ослободат моќните состојки.

Грозјето е богато со ресвератол, кое се смета за супстанција која е моќен антиоксиданс и антимутоген.

Банани

Бананата е едно од најздравите овошја, содржи витамин Б6, Ц и калиум, растителни влакна и природен шеќер.

Истражувањето покажало дека темните дамки на баната содржат TNF, кој има способност да се бори против абнормалните клетки во организмот, што доведува до подобрување на имунолошкиот систем на организмот.

Канабисот е природен лек за рак

Се смета дека маслото од канабис лекува рак, што е потврдено од милиони луѓе ширум светот, но сепак е забрането во многу земји низ целиот свет.

Докажано е дека е одлично во третманот на артритис, автоимуни заболувања, хепатитис, ХИВ, дијабетес и секако карцином. Задолжително е кога се зема масло од канабис да се смени и начинот на исхрана во вегетаријанска, што значи да се консумираат колку што е можно повеќе сирови овошје и зеленчук, за да се постигне подобар ефект.

Слаткиот пелин има антиканцерогено дејство

Неодамнешните истражувања ја покажаа антиканцерогената активност на слаткиот пелин. Има ефикасно дејство и во превенцијата и ширењето на карциногените клетки, што може да ѝ се препише на активната супстанција – артемисинин.

Користењето на растението само ги намалува клетките на ракот на белите дробови, но во комбинација со железо, слаткиот пелин е во можност да го уништи ракот скоро целосно за многу кратко време. Артемисинин, помага само во сузбивање на рак на белите дробови.

Нема информации дека артемисининот има било какво позитивно дејство кај другите видови канцер.

Магдонос како лек за рак на белите дробови

Магдоносот може да се користи како лек за рак на белите дробови благодарение на неговата супстанција апигенин. Во алтернативната медицина, магдоносот е лек за отстранување на песок и камен во бубрезите, решава проблеми со урината и е силен диуретик.

Се препорачуваат чаеви направени од лисја од магдонос, како и од корен. Апигенин имаат и целерот, кромидот, ориганото, коријандерот, портокалите, артичоките, црвеното вино и чајот од камилица.

Подгответе го чајот од магдонос на таков начин што ќе земете околу 15 гр корен од магдонос, ќе го исечкате  и ќе го зовриете во 2 дл врела вода – гответе околу 5 минути, па оставете да отстои 15 минути, исцедете го и пијте. Препорачливо е да пиете до три чаши на ден.

Гравиола – билка со антиканцерозно дејство

Гравиолате сѐ повеќе се нарекува антиканцерогено растение. Има деструктивно дејство исклучиво на малигните клетки и нема несакани ефекти, но има позитивен ефект врз имунолошкиот систем.

Сите делови на растението се лековити, кора, овошје и семе.

Имелата е природен лек за рак

Имелата во терапијата на туморите го зајакнува одбранбениот механизам, ја подобрува општата состојба на пациентот, го подобрува апетитот, спиењето, ја ублажува болката итн. Се користи како лек  уште од античко време.

Денес се користи како лек во борбата против ракот. Имелата го прочистува организмот и помага во борбата против разни заболувања, но не се препорачува самостојно подготвување на имелата како лек бидејќи е токсична во големи количини, особено нејзините бобинки.

Семки од кајсии и сливи

Овие семки  се богати со витамин Б17, кој се смета дека е најкорисен во уништувањето на клетките на ракот. Во кинеската медицина се користат стотици години.

Тие исто така се сметаат за корисни како ефикасно средство за стимулирање на секрецијата на тињата и за подобрување на функцијата на цревата. Молекулот на витамин Б17 (амигдалин) содржи два молекули шеќер и една молекула на цијанид и бензалдехид.

Постојат две групи на семки од кајсии, слатки и горчливи, но само горчливите имаат високи нивоа на витамин Б17, па затоа е важно ако ги консумирате да бидат горчливи за да ги зголемите нивните корисни ефекти.

Ежовина или веприна како природен лек за рак

Активните состојки на ова растение ги намалуваат добиените тумори и имаат антиестрогени способности. Особено е ефикасен во лекувањето на карцином на дојка.

Ова растение има позитивен ефект врз проширените вени, нивното стеснување и враќање на циркулацијата во нормала.

Воспалените крвни садови брзо се повлекуваат. Целото растение се користи за природно заздравување, а коренот има најсилен ефект. Препорачливо е да пиете половина децилитар чај три пати на ден.

Варете половина лажичка сечкани делови од ова растение во 1,5 дл вода. Кога течноста ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да врие неколку минути.

Исцедете го чајот и оставете го 10 минути малку да се олади пред да го испиете.

Пченичната трева го намалува ризикот од рак

Консумирањето на пченична трева го намалува ризикот од карцином за дури 95%, што го прави најдобра превенција за оваа болест.

Чаша сок од пченична трева ги содржи сите елементи што му се потребни на вашето тело и исто така помага да се запре развојот на тумори во кој било дел од телото.

Содржи антиоксиданти, бета-каротин, како и бројни витамини и минерали. Меѓу нив е и витаминот Б17.

Пченичната трева е исто така огромен извор на хлорофил.

Исечете го зелениот дел од засаденото жито внимателно со ножици. Ставете ја пченичната трева во рачен соковник и пијте го сокот веднаш.

Само една ракиена чашка свеж сок од пченична трева ги задоволува потребите на здравиот организам за целиот ден.

Кога лекувате разни болести, дуплирајте ја оваа количина.

Фото: Pixabey