Шеќер или вештачки засладувачи, маргарин или путер…

Јогурт или свежо сирење, бело или црно вино, кафе или чај и уште многу други вечни дилеми околу здравиот начин на исхрана...ќе пробаме да разрешиме некои од нив

0
872

Сигурно и вие понекогаш имате дилеми околу одредени производи и намирници, па доколку некогаш сте помислиле на некоја од овие, еве можност да ги разрешите своите недоумици.

Црвено или зелено јаболко?

Кога ќе посегнете по јаболко, веќе сте направиле многу за своето здравје. Јаболкото има многу баластни материи и флавоноиди и тука нема разлика помеѓу црвеното и зеленото јаболко. Но кога станува збор за витамините, црвеното јаболко предничи. На пример, Браебурн јаболкото има 20 мг витамин Ц, а Грени Смит само 4 мг.

Кафе или чај?

Победникот е веднаш јасен. Чајот содржи антиоксиданси, минерали, покрај тоа и антиоксиданси, минерали, како и витамини А, Б, Б12 и Ц. За здравјето најмногу се исплати да се пијат бел и зелен чај. Но не е лошо да се испие и шолја кафе. Многу студии покажале дека кафето може да го снижи ризикот од развој на дијабетес.

Месо или риба?

Добрите белковини се наоѓаат и во месото и во рибата. Сепак, во оваа дилема губи месото. Премногу црвено месо може, како што тврдат многу студии, да го зголеми ризикот од рак на дебелото црево.

Од друга страна, рибата не снабдува сo јод и железо, а омега-3 масните киселини го штитат здравјето на срцето и клетките.

Тестенини или компир?

Секако, тестенините побрзо се приготвуваат од компирите кои треба да се лупат. Сепак, би требало да се одвои време за лупење. Компирите се помалку калоричен избор – 100 г имаат само 74 калории.

Иста количина варени тестенини имаат цели 160 калории. Освен тоа, варените компири имаат поголема количинa баластни материи.

Јогурт или свежо сирење?

Веднаш да разјасниме – овошните јогурти се честопати вистински шеќерни бомби и најдобро е да се избегнуваат, освен ако не ги приготвувате самите дома со свежо овошје и, евентуално, со мед).

Без додатоци и едното и другото се одлични намирници. Сирењето содржи многу   белковини, а јогуртот малку повеќе калциум. Бирајте или комбинирајте.

Шеќер или вештачки засладувачи?

За оваа тема постојат голем број истражувања, но заклучок од сите е дека сѐ зависи од дозата. Премногу шеќер не дебелее, им штети на нашите заби и постојат сомнежи дека го поттикнува развојот на деменција.

За вештачките засладувачи исто така важи дека дебелеат затоа што го пореметуваат метаболизмот на шеќерот, а постојат сомнежи и дека го поттикнуваат развојот на рак.

Маргарин или путер?

Здрав човек може без грижа да намачка на лебот и од едното и од другото во тенок слиј. Што се однесува до калориите, и двете се еднакво калорични.

Путерот содржиприродни витамини A, D, E и K. Путерот е прехранбен производ добиен со преработка на млечни масти, додека маргаринот се добива со индустриска прерабптка на растителни масла. Маргаринот не содржи холестерол и содржи здрави маснотии. Предност во исхраната им се дава на незаситените масни киселини кои ги има во маслиновото, сончогледовото, маслото од тиква, од маслена репа и други.

Маргарините кои се произведуваат од растителни масла, исто така ѝ припаѓаат на оваа група масти, а нивна дополнителна предност е таа што не содржат холестерол па не се опасни за здравјето на срцето и крвожилниот систем.

Бело или црно вино?

Виното е здраво во умерени количини. Ако сакате да се напиете чаша вино, подобро е да се напиете црно вино затоа што тоа содржи полифеноли, силни антиоксиданси кои во белото вино ги има многу малку. Заради овие состојки виното е категоризирано како прехранбен производ. Покрај антивирусното и антибактериско дејство, виното делува и против атерокслероза.

Фото: Pixabey