Авокадото често се нарекува посебно овошје затоа што содржи високо ниво на здрави масти. Позитивно влијае на здравјето и содржи дури дваесет различни витамини и минерали, а некои од нив се витамин К, Ц, Б5, Б6, Е, фолати и калиум.
Заради тоа стручњаците често го препорачуваат како дел од исхраната. Но се поставува прашањето дали е можно да се изеде премногу авокадо?
Кери Ганс, сопственичка на Keri Gans Nutrition, објаснила за Health дека авокадото тој статус на супер храна го заработило благодарение на витамините, влакната и здравата содржина на мононезаситени масти.
„За разлика од заситените масти, мононезаситените масти се здрави и го намалуваат ризикот од срцеви болести“, вели таа. Освен тоа, овој вид на масти му помага на нашето тело да ги апсорбира витамините A, K, D и да се чувствуваме сито.
„Исто така, авокадото содржи 10 грама влакна и природно е без сол, холестерол и без транс масни киселини, такашто е одличен за здравјето“, вели Бони Тауб-Дикс, авторка на книгата „Read It Before You Eat It: Taking You from Label to Table“.
„Како и кај секоја друга намирница, добро е да се има на ум големината на порцијата“, вели Тауб-Дикс. Иако е авокадото богато со хранливи состојки, тоа содржи и масти и калории. Просечно авокадо има 250 до 320 калории, зависно од големината, и околу 20 г масти. Би требало да се послужи една третина авокадо со средна големина за еден оброк, меѓутоа, повеќето луѓе јадат повеќе од тоа. Иако нема да се случи никаква реална штета ако јадете многу авокадо секој ден, калориите и мастите од авокадото влегуваат во вашиот дневен внес. На пример, ако сте на диета од 1500 калории, едно цело авокадо изнесува околу 20 отсто од внесот за тој ден. Преголемото внесување може да доведе до дебелеење.
Колку точно авокадо и здрави масти може да се изедат зависи од нивото на вашата активност, потребниот внес на калории и другата храна што ја консумирате.
„Треба да се погледне нечија целокупна исхрана и да се даде препорака колку авокадо може да се изеде“, вели Ганс на крајот.
Фото: Pixabey